НЛБ Банка избрана за најдобра банка според финансискиот магазин „Euromoney“

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените.

130

На годинешното јубилејно 50. свечено доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од целиот свет. НЛБ Бaнка АД Скопје е добитник на наградата за најдобра банка во Р. Северна Македонија, што претставува уште една потврда за нејзиното успешно работење и остварените позитивни резултати.

Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите.

НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури, сè со цел поголема достапност за клиентите, поедноставување на работењето и подобрување на услугите кои ги нуди.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. НЛБ Групацијата е единствена универзална финансиска институција фокусирана исклучиво на регионот на Југоисточна Европа и нуди сеопфатна понуда на финансиски продукти и услуги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...