Бугарската Влада даде виза за договореното од заедничката меѓувладина комисија

123

Бугарската Влада го одобри протоколот од првото заседание на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија одржан на 10 јуни во Софија.

Владата направила и преглед на исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу девете земји на 1 август 2017 година. Разгледани се и предложените мерки за подобрување на билатералната соработка во економијата, енергетиката, одбраната, патната инфраструктура, туризмот, образованието, културата,…

Заедничката меѓувладина комисија, како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, ја повика Комисијата за историски и образовни прашања составена од експерти од двете земји, да ја забрза работата околу отворените теми од заедничката историја како што се Гоце Делчев и Илинденското-Преобреженско востание со цел да биде направен напредок согласно Договорот за добрососедство, а врз база на објективни, основани и автентични докази и историски извори, како и научно потврдено толкување на историските настани.

Софија и Скопје веќе го прифатија договореното од Комисијата за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на Свети Кирил и Методиј , Свети Климент и Наум и Цар Самоил, како и заедничките принципи во врска со содржината на учебниците по историја за петто одделение во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...