Шест лица загинаа, едно е исчезнато, а повредени се повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и деца, кои се хоспитализирани во болниците низ Касандра, Ситонија и во Солун, по синоќешното невреме кое за само 20ина минути го опустоши Халкидики.
Силниот ветер и олујата предизвикале хаос на овој грчки полуостров – откорнати дрвја, превртени приколки и однесени шатори, испревртени и уништени лежалки и сонцобрани, паднати покриви и оштетени хотели, ресторани, куќи… И дел од патиштата на Халкидики се оштетени, а прекинато е и снабдувањето со струја.
Како што соопштија утринава од МНР, меѓу повредените во невремето во Грција нема македонски државјани.