Сочувство до семејствата на загинатите во невремето на Халкидики изрази грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина.
– Сакам да го изразам моето искрено сочувство за семејствата на жртвите од катастрофалното невреме на Халкидики и да им посакам брзо оздравување на оние кои што се хоспитализирани. Вложуваме максимални напори за справување со проблемите и санирање на штетата – напиша Мицотакис на Твитер.
ФОТО: EPA / SIMELA PANTZARTZI