Туристка на Халкидики: Сѐ се случи ненадејно, а на почетокот, некои дури сметаа дека е шега!

5003
ФОТО: EPA / VERVERIDIS VASSILIS

Туристка од Молдавија опишува како луѓето почнале да трчаат кога неочекуваната олуја го погоди и градчето Неа Потидеа на Халкидики, регион во кој синоќешното  невреме однесе шест жртви.

– Сѐ се случи ненадејно. Наеднаш, сите почнаа да трчаат. На почетокот, некои дури си мислеа и дека е шега – изјави оваа туристка за агенцијата ANA-MPA, пренесе Катимерини.

Таа раскажува за морничавата глетка.

– Кога стапнавме во собата, сѐ беше темно, немаше струја. Излеговме на балконот и имаше што да видиме – сите дрвја беа откорнати – изјавила Молдавката.

Кога дождот запрел, некој почнал да вика дека има луѓе заглавени под дрвјата.

– Ги баравме околу два часа, кога човекот којшто ги најде извика: Тука се! – изјави таа, мислејќи на човекот и детето од Русија кои загинале во синоќешното невреме.

ФОТО: EPA / VERVERIDIS VASSILIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...