Во трката со бикови во Памплона повредени седуммина, едно лице прободено со рог во раката

71
ФОТО: EPA / J.P. Urdiroz

Седуммина се повредени во денешната трка со бикови во Памплона, од кои едно лице било прободено со рог во раката, соопшти Црвениот крст.

Најсериозно е повреден токму прободениот 27-годишен маж од Валенсија.

Фестивалот Сан Фермина трае девет дена, при што секое утро луѓето трчаат пред бикови кои, пак, потоа учествуваат во борбите во арена. Настанот секоја година привлекува околу милион посетители.

Денешната трка беше најдолга од овогодишниот фестивал и траеше две минути и 49 секунди.

ФОТО: EPA / J.P. Urdiroz

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...