Јанакиески и Димовски не беа спроведени на судење, „Топлик“ одложен за септември

109

Судењето за предметот на СЈО, „Топлик“ денеска се одложи затоа што двајцата обвинети Миле Јанакиески и Димитар Димовски не биле спроведени од истражниот затвор “Скопје”.

Судијата Осман Шабани рече дека судот не добил информација зошто не се спровел  спровод на обвинетите.

На рочиштето не присуствуваше и судијата поротник,  па судијата Шабани следното рочиште за предметот го закажа за 6 септември.

Во „Топлик“, првоосомничен е екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“. Освен него, осомничени се уште пет лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...