Пејачката Тејлор Свифт официјално е најплатената позната личност на светот, наведува „Форбс“ на годишниот извештај за богатството на славните.
Како што пренесува НМЕ, Свифт заработила повеќе од 164 милиони евра во периодот од јуни лани. Поголемиот дел од оваа заработувачка дошол од нејзината турнеја под назив „Репутација“.
Што се однесува до остатокот на листата и музичарите на неа, Канје Вест го зазема третото место со заработувачка од 133 милиони евра, на петтото место се наоѓа Ед Ширан со 97 милиони, што го прави и најплатен Британец во светот на џет-сетот.
На второ место е ријалити ѕвезда и манекенка Кајли Џенер, на четврто Лионел Меса, на шестото место Кристијано Роналдо, на седмото Нејмар.
Меѓу новодојденците на листата на „Форбс“, што се однесува до музичарите, се нашла јужнокорејската група БТС, како и Аријана Гранде.
Новиот албум на „победничката“ на оваа листа Тејлор Свифт под назив „Lover“, ќе биде објавен во август.