Човек намерно се фрлил во Водопадите на Нијагара, од 50 метри височина, а потоа бил пронајден жив и здрав, соопшти вчера канадската полиција.
Полицијата примила повик и интервенирала завчера во четири часот наутро, по дојава дека човек се бори со водите на водопадите.
Човекот има полесни повреди и е префрлен в болница, а засега не се знае причината на таквиот негов потег.
ФОТО: МИА