Црвениот крст денеска ќе ја промовира кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за возачите. Кампањата ќе биде промовирана во отворениот простор под подвозникот спроти хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Пред промоцијата ќе се одржи симулација во живо на спотот што ќе биде промовиран, ќе бидат презентирани целите на кампањата, што почнува на 15 јули, а воедно ќе бидат претставени бренд амбасадорите на кампањата, манекенката Катарина Ивановска и водителката Анита Латифи, по што ќе се обрати генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.
На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на Здравствен дом Скопје, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и познати личности.