Енрике Иглесијас има полубрат, судот потврди дека татко му има вонбрачен син

1381
Photo: EPA/CLEMENS BILAN

Шпанскиот суд утврди дека постојат доволно докази оти 75-годишниот Хулио, пејач и татко на познатата музичка ѕвезда Енрике Иглесијас, е татко на 43-годишниот Португалец Хавијер Санчез Сантос.

Судот, всушност, го зема како доказ и одбивањето на Хулио да направи ДНК текст и пресуди во корист на Санчез, јавува Асошиејтед прес.

Негирањето на татковството траеше три децении. Членка на танцовата група која го следеше Хулио на неговите настапи со години тврдеше дека имала афера со пејачот и оти тој ја забременил. Тој никогаш не призна и демантираше дека воопшто имал афера со танчарката, но по триесет години ја изгуби битката.

Photo: EPA/CLEMENS BILAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...