Дождот ќе престане утре наутро, еве каде вечерва наврна најмногу

849

Дваесет и два литри дожд на квадратен метар наврнаа во Крива Паланка, 15 во Берово и Лазарополе, 14 во Виница, 12 во Скопје и Маврово, 10 во Претор, девет во Тополчани, осум во Битола и Ѓуриште, седум во Охрид, шест во Прилеп, четири во Тетово и Демир Капија, три во Штип и Пожаране, два во Гевгелија и еден литар на квадратен метар во Струмица, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Времето вечерва насекаде е облачно со врнежи од дожд, кои во Гевгелија и Битола се проследени со појава на грмежи. Поинтензивни процеси, посочуваат од УХМР, имаше во југозападниот дел од земјата, поточно над Охридско и Преспанско Езеро.

Во текот на ноќта ќе се задржи претежно облачно, на места нестабилно време со врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во утринските часови врнежите насекаде ќе престанат. Во Скопската котлина времето ќе биде облачно со повремен дожд и ретки грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...