Битолската полиција поднесе кривична пријава против 63-годишен лекар од Битола за две кривични дела „несовесно лекување болни“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“.
Во текот на 2017 година во Битола во Клиничката болница, пријавениот, како доктор, постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето.