Заев на лажниот Порошенко му праќал фотки од Меркел

1221
Продолжувам со моите директни комуникации со претседатели и премиери поради тоа што сум непосреден човек и немам намера кога следниот пат ќе се јавам на Борисов или кој било премиер или претседател да барам одговор од некој протокол, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека Северна Македонија е пријател со сите земји и дека комуницира со сите затоа што смета дека тоа е од помош за нашата земја.

– Комуникациите носат информации и тие помагаат во одлучувањето, растот и напредокот на мојата земја. Нема протокол што мене може да ме ограничи ако сакам да ви се јавам вас или на премиерот Харадинај, на премиерката Брнабиќ, да се јавам на премиерот Андреј од Хрватска или на кој било од целиот наш регион – изјави Заев.

Тој додаде дека сето ова е за сите аларм да се подигне нивото на работа на протоколите кога се прават разговори преку владините телефони, но посочи дека ќе продолжи да комуницира по телефон, по Вибер, по ВатсАп и преку сите други апликации, бидејќи како што рече комуникацијата денеска е добробит за сите.

Прашан дали ќе реагира на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, премиерот Заев, рече дека секако реагира и веќе е испратена нота, за да може да се исправат грешките.

– Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци, кои што живееме во Северна Македонија – изјави Заев.

На прашање дали некој ќе понесе одговорност за разговорите со руските пранкери и дали се точни нивните тврдења дека им праќал фотографии, Заев рече дека одговорил вчера и дека во тоа време верувал дека има комуникација со претседателот Порошенко.

– Како што добивав слики од парадата на војската на Украина од т.н. или лажен претседател Порошенко јас сум праќал слики од Меркел во посетата или слично. Не знам точно до кога била комуникацијата, но можно е – изјави Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...