Авион на црногорската компанија „Монтенегро ерлајнс“, кој летал на релација Тиват – Москва, денеска принудно слетал на аеродром во рускиот град Калуга.
Според „ЦдМ“, повикувајќи се на извори од компанијата, летот бил прекинат бидејќи на пилотот му се слошило.
– Пилотот е медицински згиржен и неговата здравствена состојба е стабилна – било објаснето од компанијата.
Било нагласено дека сигурноста и безбедноста на патниците и екипажот на летот ниту во еден момент не била загрозена.