Камери ќе ни ги ловат грешките, а за лудориите на децата ќе плаќаат родителите

Откако ќе се воведат камери, важно е што ќе се казнува сопственикот, односно тој што го поседува возилото, а не оној што го управува возилото. Ќе го казнуваме сопственикот на возилото, бидејќи на снимката од камерата нема да се гледа и кој го управува возилото, велат од МВР.

1669
20051230 Friday 0421 Soobrakaj Pesacki premin Pesaci zebra semafor rekord

Камери ќе нѐ снимаат дали пребрзо возиме, како се паркираме и дали правиме други сообраќајни прекрошоци, наместо да нѐ стопираат и казнуваат припадниците на сообраќајната полиција. Но казната нема да ја плати оној што го управува возилото, син, керќа или друг член од семејството или пријател, туку сопственикот, потврдија за Плусинфо од полицијата.

Надлежните појаснуваат каде сѐ ќе бидат поставени камерите, но сѐ уште не  прецизираат кога ќе почне да важи оваа новина.

– Ќе бидат монтирани камери не само во Скопје, туку и во другите градови, а освен на крстосници, ќе има камери и по автопатиштата, но и на магистралните патишта во земјата, односно секаде кадешто ќе биде проценето дека се неопходни. Камерите ќе се постават за поголема безбедност во сообраќајот. Во рамки на Министерството, веќе е формирана работна група со цел да се разгледаат техничките решенија за можноста со камери да се снимаат дел од сообраќајните прекршоци – велат во МВР.

Во врска со тоа кои сѐ сообраќајни прекршоци ќе можат да се снимаат, а потоа и да се казнуваат, од Министерството со одговор:

– Во поглед на прашањето за видовите на сообраќајни прекршоци што би можеле на тој начин да се евидентираат и казнуваат, покрај брзото возење, би можеле да се документираат и санкционираат возачите кои поминуваат на црвено светло, како и за прекршокот непрописно паркирање. Со оглед дека станува збор за обемен и сериозен проект потребно е внимателно и студиозно подготвување на сите инволвирани служби во рамки на министерството, така што примарно е како сиот тој концепт да биде функционален.

Камерата нема да сними кој ја вози колата, па ќе се казнува газдата! 

Приоритет при следната измена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), ќе биде негово усогласување (особено во поглед на казните) со новиот Закон за прекршоците, објаснуваат од МВР.

Потоа, во функција на користење на камерите, компаративно со законската регулатива на другите држави, да се предвиди законска можност за сторените прекршоци да биде казнет „сопственикот на возилото односно возачот“, како и законско регулирање на процедурата околу спроведување на постапката за „порамнување“ при констатирање на прекршок со помош на видео-надзор.

– Сега нема можност да се казнува прекршок снимен на камера, затоа се носат законските измени, а откако ќе се воведат камери, важно е што ќе се казнува сопственикот, односно тој што го поседува возилото, а не оној што го управува возилото. Ќе го казнуваме сопственикот на возилото, бидејќи на снимката од камерата нема да се гледа и кој го управува возилото. Тоа е предлогот, така е во голем дел од  земјите во ЕУ, но можно е и измени да има во овој предлог – нагласуваат од полицијата.

Се подготвуваат законски одредби и во однос на управување на тротинети, кои сега се  третираат како велосипеди, бидејќи нема законска одредба за овој вид учесници во сообраќајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...