Брачна двојка испратила фотографија на родителите, но заборавила на еден детаљ и се посрамотила ФОТО

Дваесет и две годишната Келси, споделила на социјалните мрежи фотографија од спалната соба, со своето момче.

1468

Младa брачна двојка се посрамотила откако нивната фотографија, со еден непристоен детаљ кој не била за во јавност, завршила во погрешни раце.

Дваесет и две годишната Келси, споделила на социјалните мрежи фотографија од спалната соба, со своето момче. Тоа не би било невообичаено доколку острото око на нејзиниот татко не забележал еден детаљ. Имено, тој забележал шишенце поради кое партнерот на Келси се почувствувал посрамотен.

– Татко ти вели дека фотографиите се прекрасни, убаво шишенце на „Дурекс““, напишала мајката во пораката која набрзо ѝ ја испратила на ќерката.

„Тоа е кремот на Елиот за колена“, ѝ рекла Келси, но изгледа не успеала да ги убеди своите родители.

„Татко ти зумираше“, подготвено одговорила нејзината мајка, на што ќерката само напишала дека Ел е засрамен.

Нејзината објава молскавично станала хит на Твитер, а не ја заобиколиле ниту шеговитите коментари.
„Требало да знае дека татковците се како ФБИ кога станува збор за ќерките“, напишал еден корисник на оваа социјална мрежа.

FOTO: Skrinsot/Index.hr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...