Бабата на детето со скршеници во Хрватска: Мојата ќерка не е лоша личност, ќе барам старателство

563

Двегодишното момче кое беше примено на лечење во Загрев со повеќе скршеници, но и лузни, најверојатно од гаснење на цигари, го посетила бабата. Таа им кажала на локалните медиуми дека нејзината ќерка го занемарувала детето, но не го злоставувала.

Мајката и дадилката на детето се уапсени, а момчето останува во болница.

– Го видов внук ми, но нема рани од гаснење на цигари. На челото има лузна, но имам фотографија на која се гледа истата таа лузна – рекла таа за РТЛ.

Имала видео од 5 јуни на кое детето танцува.

– Детето да имало скршеници, не би можело да танцува. Нема шанси – кажала бабата.

Пред некое време од ќерката добила фотографија од него, на која се гледало дека момчето е ненахрането.

– Изгледаше испиено, слабо, ненахрането, без сјај во очите – додала.

Знаела дека детето го чува дадилка, но не знаела детали, како ни тоа дека момчето живеело во шупа.

Според неа, мајката на детето не е лоша личност. Нејзината ќерка работела и од тоа живеела, но таа, како баба, плаќала сметки и станарина. Меѓутоа, оваа изјава на хрватските медиуми им била сомнителна, бидејќи таа кажала дека не знае каде нејзиното внуче живеело.

Како што кажала, не се понудила да го чува момчето додека нејзината мајка е на сезонска работа баш поради несогласувањата околу воспитувањето на детето и хигиената.

– Да знаев дека е така, би го земала. Би дошла со социјални работници и полиција и би го земала – рекла таа, додавајќи дека нејзината ќерка погрешила и дека таа ќе бара старателство над момчето.

Неговите родители си ги разделиле патиштата кога мајка му била бремена во втор месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...