Присуството на војвотката Меган Маркл на тенискиот меч помеѓу Серена Вилијамс и Јулија Георгес на Вимблдон, за нејзините обожаватели и светските медиуми, значеше вистински спектакл, но, останатите ВИП гости и не биле премногу воодушевени.
Безбедносната служба забранила фотографирање на војвотката и поради нејзината „приватност“ жртвувала околу 40 седишта во ВИП зоната, што очекувано предизвикало вистински метеж.
Една од ВИП гостинките на Вимблдон била и 64-годишната спортска новинарка Сели Џонс. Додека таа се обидуваше да ја фотографира Серена Вилијамс во игра, кон неа пријде член од обезбедувањето и ја предупреди да го прибере фотоапаратот, покажувајќи на војвотката и додавајќи дека не смее да се фотографира.
Една ВИП гостинка на Вимблдон била и 64-годишната спортска новинарка Сели Џонс. Додека таа се обидувала да ја фотографира Серена Вилијамс во игра, ѝ приѓол член од обезбедувањето и ја предупредил да го спакува фотоапаратот, покажувајќи на војвотката Меган и додал дека не смее да ја фотографира.
Јас не ја ни видов војвотката додека тој не ми ја покажа. Стотици луѓе фотографираа, а јас го прашав дали размислил да поразговара со камерманите кои го снимаа натпреварот. Мислам дека му беше непријатно – раскажала Сели Џонс.
Меган седела во празниот дел од ВИП ложата со две пријателки, а зад нив седеле член од обезбедувањето и нејзината ПР-агентка. Приватност преку службата за безбедност побарала на натпреварот со 12. 000 посетители и повеќе од милион гледачи во директниот телевизиски пренос. Поради 40 места кои и биле потребни за воздух, истиот број на ВИП гости останале во ходникот, без можност да уживаат во натпреварот.
На Меган не ѝ оди во прилог многу поскромното однесување на Кејт Мидлтон, која на Вимблдон седела меѓу „обичните“ луѓе, без никаква придружна помпа.
FOTO: Printskrin/Dailymail.com