Во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум вчера во 15,10 часот, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина, а по неа слетал параглајдерист А.М(41) од Украина. Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен, но веднаш се преземени мерки за нивно спасување, потврдија денеска од полицијата.
По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош.