Фрустрираниот анти-западен пион Мицкоски е срам за земјата. Мицкоски се става на страна на туѓи интереси, на оние кои се анти-НАТО и не сакаат нашата земја да биде дел од евроатлантскиот сојуз реагира СДСМ на соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.
„Очигледно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се препознаваат во таква деструктивна матрица базирана на лажни вести и затоа ја поддржуваат. Од друга страна, Зоран Заев жестоко ги брани врвните национални и стратешки интереси, членството во НАТО и ЕУ, секаде и секогаш! Колку тоа да и се допаѓа на сите деструктивни сили, Република Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО и ќе биде дел од ЕУ“, порачува СДСМ.