Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, според кого случајот со руските комичари и разговорите на македонскиот премиер со „Порошенко” и „Столтенберг” го нарече дипломатски скандал на социјалните мрежи пишува дека премиерот Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава.
„Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат“, пишува Милошоски на ФБ.