Откако во 2015 година ја прекина долгогодишната врска со американската пејачка Никол Шерцингер (41), Луис Хамилтон (34) го поврзуваа со многу убавици – Барбара Палвин, Вини Харлоу, Кендал Џенер, Ријана, Ники Минаж, Рита Ора и Софија Ричи се само некои од нив, а сега, судејќи според најновите фотографии од Лос Анџелес, на ред дошла Захра Елисе.
Британскиот возач на Формула 1 и бујната Инстаграм-ѕвезда, која на спомнатата социјална мрежа ја следат повеќе од милион луѓе, во саботата се забележани како по роденденската забава на актерот Кевин Харт заедно одат во домот на Захра.
Папараците ги „уловиле“ на бензинска пумпа, каде што атрактивната црнокоса ја покажала целата своја раскошност во црниот комбинезон од латекс.
Инаку, 25-годишната Захра, освен што е Инстаграм-модел, се занимава и со дизајн – креирала сопствена линија на долна облека, а почнала и да глуми (засега имала помала улога во ТВ-серијата „Wild ‘n Out“). Дури четири години поминала во американската воена морнарица каде што работела како механичарка, пишува „Дејли мејл“.
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, своевремено се шпекулирало дека била во врска со атлетичарот Усеин Болт (32), но таа тоа го демантирала тврдејќи дека тие двајца се само добри пријатели.
FOTO: Profimedia/Instagram/Printskrin