Истекувал гас во хотел во Канада, 46 лица завршиле во болница

Концентрацијата на јаглероден моноксид во хотелот десет пати го надминала опасното ниво. По соопштението за инцидентот, веднаш бил прекинат дотокот на гас во зградата на хотелот. 

45

Канадските власти соопштија дека 46 лица се пренесени в болница по истекување на јаглероден моноксид во хотел во градот Винипег, во провинцијата Манитоба.

Најмалку 15 од повредените се наоѓаат во критична состојба. Началникот на противпожарната служба во Винипег, Џон Лејн изјави дека специјални екипи веднаш биле повикани откако се вклучил автоматскиот аларм за тревога. Според него, во моментот на инцидентот во хотелот се наоѓале 52 лица, меѓу кои и персоналот.

Концентрацијата на јаглероден моноксид во хотелот десет пати го надминала опасното ниво. По соопштението за инцидентот, веднаш бил прекинат дотокот на гас во зградата на хотелот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...