Облаците ќе донесат пороен дожд попладне

256
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).

Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Температурата ќе се движи од 18 до 27 степени.

Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски.

Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...