Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 104. седница, која ја почна вчера.
Пратениците денеска ќе расправаат по преостанатите точки, а меѓу нив се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и двата по скратена постапка и во второ читање, како и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во прво читање, кој вчера помина на Комисијата за култура.
Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион вчера не беше поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Образложението беше дека предвидениот мораториум и за градба во Охрид и слични мерки, можеле да се спроведат и со постоечкиот закон.