Километарска колона возила се создава пред патарината кај Велес, во правец кон Скопје,за МИА јавија патници кои подолго време чекаат да ја минат патарината кај Отовица, над Велешко езеро..
Поради празничниот викенд и последниот неработен ден од Велигденските празници, голем број граѓани кои заминаа на продолжен викенд, сега се соочуваат со проблеми на враќање дома.
Според информации од терен, колоната кај месноста Отовица, пред патарината достигнува дури и до три километри.
АМСМ засега не излезе со подетални информации за ситуацијата на автопатот кај Велешко езеро.