ОБНОВЕНО: Спасени двајца параглајдеристи од Украина кои паднале на Галичица

442

Двајца параглајдеристи, момче и девојка од Украина, а не само едно лице, изгубиле контрола додека летале на Галичица и паднале на падините на планината, во близина на македонско-албанската граница. Несреќата се случила денеска во 15 часот.

Првично дел од медиумите јавија дека украинска државјанка, која попладнево тешко се повредила при пад со параглајдер на планината Галичица, успешно била  извлечена во интервенција на посебната единица и  хеликоптер на МВР, во координација на сите надлежни служби од Македонија и Албанија и тимот за спасување на планина и непристапни терени при Црвен Крст Охрид.

За среќа, во заедничката полициска акција биле извлечени двајцата параглајдеристи, кои се хоспитализирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид и се вон животна опасност.

Според првичните неофицијални информации кои ги објави Охридњуз, а кои ги  пренесе и Плусинфо, за време на летот на украинската параглајдеристка ѝ се случил колапс на крило, поради што нејзиното летало неконтролирано почнало да се движи во правец на Албанија, каде и паднала. Таа отворила помошен падобран, но не успеала да го избегне падот, а силниот ветер ја носел низ падината околу 200 метри.

Незгодата ја забележал друг параглајдерист кој во истиот момент летал од планината Галичица, а кој слетал на местото на падот, за да ѝ помогне.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...