Владата на РСМ nа денешната седница донесе одлука Џеват Исени да биде разрешен од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор (АДСДП), со што му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП.
Исени неодамна се пофали со скандалозна снимка, на која се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот.
Џеват тогаш изјави дека пиштолот што го носел на појасот на свадбена веселба бил гасен пиштол.