Арта Точи влегува во Собранието како пратеничка од Алијансата на Албанците

381

Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на денешното пленарно заседание. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ќе го потврди мандатот на Точи како нова пратеничка.

Точи беше на листата на тогашната коалиција на Алијанса за Албанците во шестата изборна единица, која ја сочинуваа НДП-Движењето за реформи на Зијадин Села и Унитети на Гзим Острени.

Таа е поранешна заменик-министерка за надворешни работи во периодот по формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев до крајот на декември 2017 година. Од ова место замина откако нејзината матична партија излезе од владејачката коалиција.

Алијансата на Албанците по верификацијата на мандатот на новата пратеничка, во Собранието на Република Северна Македонија ќе има тројца пратеници – Зијадин Села, Сурија Рашиди и Арта Точи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...