Педесет и четиригодишник е уапсен поради сомнение дека ја убил својата 83-годишна мајка.
Брзата помош констатирала смрт кај жената ноќта меѓу саботата и неделата. Обдукцијата донела сомнежи дека таа е убиена. Жртвата имала повреди на главата, пренесува „Курир.рс“.
Како што кажале соседите, синот се вселил во новиот дом, па ја земал мајката од дом за стари лица.
– Беше болна, можеби тука беше последните неколку месеци. Не верувам дека синот ја убил – рекла сосетка.