Мино Рајола директно го обвини Манчестер Јунајтед дека клубот не го брани Пол Погба од критиките со кои е бомбардиран Французинот поради неговата желба да го напушти клубот.
Според агентот, францускиот фудбалер секогаш се однесувал професионално и со должно почитување кон клубот. Поради оваа причина од „Олд Трафорд“ треба да се усогласат со чувствата на играчот и да се најде решение кое ќе биде задоволително за сите страни.
– Играчот не направил ништо лошо. Тој секогаш се однесувал со почит и професионализам во секој поглед. Клубот многу добро знае како се чувствува тој долго време. Жално е што има луѓе кои само сакаат да критикуваат, без да ги имаат потребните информации. Жалам што клубот не зазема позиција и не прави ништо против тоа. Се надевам дека наскоро ќе има решение кое ќе ги задоволи сите страни – изјави Раиола.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA