Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
Комисијата му предложи на Собранието да го разгледа извештајот на ДИК за верификација на мандатот на Александра Цветковска, која ќе го преземе остатокот од мандатот на Горан Милевски, кој од неодамна ја презеде функцијата министер за локална самоуправа.
Државната изборна комисија вчера на седница констатира дека врз основа на спроведена постапка, Цветковска ќе биде нова пратеничка во Субрание.
Таа е од листата на кандидати за пратеници во Парламентот за ИЕ5 од СДСМ и Коалицијата