Британската Влада застана зад својот амбасадор во САД, по нападот од Трамп

131
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Британската Влада му изрази целосна поддршка на својот амбасадор во САД, Ким Дерок, откако америкнскиот претседател Доналд Трамп кажа дека веќе „нема да има работа со него“.

– Не го познавам амбасадорот, но за него нема добро мислење во САД, нити тој им се допаѓа. Веќе нема да имаме работа со него – наведе Трамп вчера на Твитер, пренесоа западните агенции.

Трамп ја критикуваше и британската премиерка Тереза Меј, наведувајќи дека добрата вест за Велика Британија е тоа што наскоро ќе има нов премиер.

Дипломатските депеши што претходно протекоа во јавноста открија дека британскиот амбасадор во САД смета дека администрацијата на претседателот Трамп е неспособна и дисфункционална и дека е мала веројатноста да се подобри.

Документите, што неодамна ги објави „Мејл он Сандеј“, соддржат многу критички коментари на амбасадорот Дерок за моменталната состојба на администрацијата на Трамп и нудат редок увид во тоа како некои високи британски дипломати гледаат на владата на најблискиот сојузник на нивната земја.

Портпаролот на британската Влада изјави дека протекувањето на овие документи е за жалење и дека тоа не ги отсликува блсиките односи на двете земји, но дека амбасадорот треба да има можност да изнесе слободна и искрена проценка на политиката на земјата во која се наоѓа, пренесе Би-Би-Си.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...