Уште двајца повредени во трката со бикови во Памплона

48
ФОТО: EPA / Jesus Diges

Две лица се повредени денеска во трката со бикови што традиционално се одржува во градот Памплона во северна Шпанија. Тие меѓутоа, не биле прободени со рогови, какви што беа некои случаи претходниве денови.

Заменик-директорот на регионалната болница, Томас Белсунеги изјави дека еден маж го скршил зглобот, а другиот си ја удрил главата.

Трката со бикови долга 850 метри, денеска траеше нешто повеќе од две минути, со што е најбрзата трка за годинешното издание на фестивалот.

Фестивалот на Свети Фермин трае девет дена, при што секое утро посетителите бегаат пред бикови, коишто пак, потоа учествуваат во борба во арена. Настанот обично привлекува околу милион посетители од цел свет.

Претходно, двајца државјани на САД и двајца Шпанци, беа повредени во трките кои започнаа во неделата.

ФОТО: EPA / Jesus Diges

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...