Гордана Гарбин: Во Сплит е реткост баба и дедо да чуваат внуци

Иако многу мајки не работат, децата одат во градинка, а најдобра мајка е онаа која е задоволна сама со себе. Во Сплит се инсистира детето да оди во градинка, да се социјализира со своја генерација и тука ретко ќе видите баба и дедо да чуваат внуче. Што се однесува до мајките, секогаш се смеев со моите сплитски пријателки кои кога ги шетавме децата туркајќи ги количките по сплитската рива, беа качени на штикли и дотерани од глава до пети, раскажува нашата соговорничка.

762

Гордана Гарбин ја запознавме во нејзиниот ресторан „Портофино“ во Сплит, поточно, во Диоклецијановата палата. Оваа прекрасна русокоса жена која зборува далматински, поточно, сплитски, како да е родена таму, исто така и вешто се префрла на македонски, со симпатичен неготински дијалект.

Гордана е родена во Неготино, во земјоделско семејство кое, разбирливо за овој регион, одгледува грозје и произведува ракија и вино. Иако нејзините родители, вели Горде, се повозрасни луѓе, никој жив не може да ги задржи кај неа во Сплит подолго од две недели, зашто наместо  да уживаат на море или на базен покрај луксузен хотел, обично знаат да ѝ кажат: доста беше, имаме работа, си одиме дома.

А Горде, кога станува збор за работа и посветеност, не е далеку од своите родители. Таа е целосно посветена на семејниот ресторан кој одлучиле да го отворат со сопругот пред две години. Во меѓувреме, од вкупно 470 ресторани во Сплит, нивниот („Портофино“) е постојано меѓу првите 10 на Трип адвајзор.

И токму Горде требало да дојде од Македонија за да им отвори во Диоклецијановата палата ресторан на кој ќе бидат горди сите, а најмногу сопствениците на просторот во кој е сместен ресторанот, а тоа е Лекарската комора на Сплит.

Обично ова ѝ го вели претседателката на Лекарската комора која е пресреќна што нивниот простор е сега место во кое се чека во ред за да се седне на ручек или на вечера, благодарение на тоа што Горде направила од него убав, светол и гостопримлив простор за разлика од претходниот.

А таа во овој бизнис влегла сосема случајно. Додека студирала на Правниот факултет во Скопје, решила преку лето да оди во Грција и да заработи некој денар, тука ја засакала гастрономијата и иако го завршила Правниот факултет, никогаш не работела во таа струка, животот ѝ отишол во сосема друга насока.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...