Зборот за СДСМ не важи, туку секој збор на СДСМ е лага. Шилегов откако е градоначалник, за град Скопје ништо не стори. Тој наместо да работи суштински проекти за граѓаните, за проекти ги смета качување на маси по кафеани, ангажирање на ди-џеи, поместување на автобуска, трчање и мавтање по возила пред молови, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сепак тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет. Шилегов подеднакво неспособен како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од далеку, позади себе нема ниту еден сериозен проект. Тој нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.