Една од најубавите жени на светот, топ-моделот Адријана Лима (38), е фотографирана прво во Венеција, а потоа и на Миконос во друштво на турскиот бизнисмен Емир Ујар (36).
Убавицата, која на почетокот на годината ја прекина врската со турскиот писател Метин Хара, ја пронашла среќата во неговиот сонародник, богатиот наследник Ујар.
Семејството на Емир Ујар поседува синџир луксузни хотели, еден е од членовите на управата на Пермак групата и е мошне популарен меѓу славните личности. На неговиот профил на Инстаграм стои дека работи во Турција, Венеција и Лос Анџелес.
FOTO: Instagram/Printskrin