– Станува збор за реализирање на истражување на нивото на медиумската писменост кај возрасната популација во државава и на медиумска кампања, што ќе се спроведат со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопшти АВМУ.
Тоа ќе биде второ истражување и треба да покаже дали и колку е сменета ситуацијата во споредба со истражувањето од 2016 година. Неговите наоди ќе послужат како основа за спроведување медиумска кампања за подигање на свеста за важноста на медиумската писменост како средство кое ќе им помогне на граѓаните да препознаат пристрасност, спинови, дезинформации и лажни медиумски содржини.
Активностите ќе се реализираат во рамки на проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје „Поддршка на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“.