Бизарната статуа на Меланија во Словенија предизвика гнев кај жителите ВИДЕО

Цртите на лицето изгледаат како да ги нацртало дете, изразот на лицето е намуртено, а облиците на телото се недефинирани.

3321

Првата дама на САД Меланија Трамп беше почестена со дрвена статуа во природна големина во близина на градот Севница во Словенија каде што порасна, но локалните жители велат дека оваа статуа претставува срамота.

Првата статуа на Мелани Трамп во нејзината родна земја ја осмислил американскиот уметник Бред Дауни и ангажирал локален ликовен уметнички столар Алес Зупевац, познат како Макси, за да го изработи и да го постави покрај реката Сава.

Цртите на лицето изгледаат како да ги нацртало дете, изразот на лицето е намуртено, а облиците на телото се недефинирани. Статуата „мавта“ со левата рака.

Локалните жители, иако се горди на најпознатиот експонат во градот, воопшто не се задоволни од сличноста на статуата со Меланија Трамп.

– Воопшто не личи на Меланија. Изгледа како Штрумфета. Тоа е срамота – рекол еден од жителите кои се собрале на откривањето на статуата.

Статуата е обоена во сина боја, со примеси на сива, со цел да асоцира на синиот костум креиран од „Ралф Лорен“, што го носеше Меланија при церемонијата на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.


FOTO: Printskrin/magazininellitonu

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...