Ване Цветанов: Почина уште еден неправедно осуден во „Змиско око“

1930

Ване Цветанов, поранешениот директор на Агенцијата за спречување на перење пари и претседател на здружението „Зелена лупа“ објави дека починал уште еден обвинет во аферата „Змиско око“ кој не го дочекал неговото повторно судење.

Тој додава дека ова е четврти смртен случај меѓу десетиците своевремено обвинети во фамозниот случај со апсењето за наводна мито и корупција при наплата на патарините.

„Чекајќи ја ветената правда, почина уште еден наш соборец.- Звонко Бојаровски од Тетово, притваран, суден и психички малтертиран во случајот “Змиско око”.  Случајот Змиско око е базиран на вештачење од вештак во 2007-ма година, а вештакот добил лиценца во 2010-та година. Што значи НЕЗАКОНСКО и непрофесионално вештачење.
Врз база на вештачењата на квазивештакот беа апсени граѓани од случаите Змиско око, калдрма и други случаи. Случајот Змиско око сеуште се влече по судови, веќе 12 години, а Звонко е четврта жртва од овој случај кој што почина ЧЕКАЈКИ ЈА ВЕТЕНАТА ПРАВДА“, објави Цветанов кој беше обвинет во случајот „Шпион“.

Цветанов пишува дека „боли тоа кога слуги на поранешниот режим добиваат ослободителни одлуки, а ветената правда за жртвите е блокирана и се чува во фиоки“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...