Има само 20 години: Актерот Камерон Бојс почина во спиење

Последна негова улога беше во серијата „Г-ѓа Флечер' што наесен ќе се прикажува на ХБО.

765

Актерот Камерон Бојс (20), кој главно учествуваше во емисии и серии на „Дизни“, вчера почина во сон. Тоа го потврди и неговото семејство.

„Со неизречива тага во срцата јавуваме дека утрово го загубивме Камерон. Почина во сон од напад поврзан со долгата и тешка болест со која се бореше“, се вели во соопштението на семејството Бојс за Еј-би-си њуз.

Како причина за смртта е наведена „медицинска состојба“, со која актерот се борел во последниот период.

Своето деби, Бојс го имаше во серијата „Џеси“, а потоа глумеше и во филмовите „Око како орел“, „Потомци“ и „Возрасни“.

„Со неизречива тага во срцата јавуваме дека утрово го загубивме Камерон“, напиша во изјавата портпаролот на семејството Бојс за ABC News.

Последна негова улога беше во серијата „Г-ѓа Флечер’ што наесен ќе се прикажува на ХБО.

Во слободно време, младиот Камерон се занимаваше и со хуманитарна работа.

FOTO:Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...