Законите за прекршоците и за празниците денеска пред пратениците

542

Во Собранието за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледаат измените на Законот за прекршоците, на Законот за празниците во Република Македонија, Барањето за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Законот за административни службеници поднесено од градоначалникот на Општина Карпош, Барање за давање на автентично толкување на член 83 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесено од пратеникот Никола Мицевски, Барање за давање на автентично толкување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесено од градоначалникот на Општина Радовиш и Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...