Заев: Ако има одлука автопатот да се вика „Гоце Делчев“, така и ќе остане!

878

На новинарско прашање, дали планира да го преименува автопатот Миладиновци-Свети Николе- Штип со оглед на одлуката на претходната Влада која била и објавена во Службен весник, тој да се вика „Гоце Делчев“, премиерот Зоран Заев одговори дека не е запознаен со таквата одлука но ако навистина имало таква одлука, ќе ја почитува.

– Ако е така, така ќе остане, нема потреба од промена. Ако веќе се завршени  процедурите околу именувањето на патот, одлично – изјави Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...