Лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис утре ќе положи свечена заклетва со што и официјално ќе стане премиер на Грција.
Извори од СИРИЗА за грчките медиуми нагласуваат дека досегашниот премиер Алексис Ципрас телефонски му честитал на Мицотакис и го информирал дека утре го чека да ја посети премиерската палата за примопредавање на функцијата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во прес центарот во салата за конференции Запио, вечерва се очекува да дојде премиерот во заминување Алексис Ципрас и да одржи прес конференција.