Во септември ќе почне изградбата на првиот репроцентар за фазани во источниот регион. Локацијата ќе биде во штипското село Судиќ, а зад проектот стои штипското здружение „Ловец“ .
Според Николчо Малинов од „Ловец“, сите подготовки за претстојните градежните активности се веќе завршени.
Покрај фазани, во репроцентарот ќе се одгледуваат и подмладоци на други видови дивеч.
– Од септември почнуваме со изградбата на ловниот дом во селото Судиќ. Тука е предвиден објект за репродукција на фазанот и репродукција на зајак – вели Малинов.
Еребицата е на граница на истребување на овие простори, поради што нејзиното зачувување е повеќе од потребно. За да се зачува, од ловното здружение размислуваат за воведување забрана за нејзин отстрел на одредени терени.
Репродуктивниот центар ќе се гради со средства од донатори, ловџии од странство, но и со сопствени средства на здужението.