Малолетник вчера попладне бил физички нападнат од три лица на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, информираат од МВР.
Оттаму соопштуваат дека вчера во 20:10 часот во Полициската станица Центар, Ц.Ј. (39) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17:40 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од три лица.
Се работи на расчистување на случајот.