Во пожар што се случил вчера претпладне во селото Горно Лешница целосно е изгорена куќата на 23-годишниот К.К.
„Во полициското одделение Групчин вчера претпладне било пријавено дека настанал пожар во куќа во сопственост на К.К. (23) од село Г.Лешница. Во пожарот куќата целосно изгорела“, се наведува во полицискиот билтен.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.