Захариева: Гоце Делчев е заеднички

Гоце Делчев е заеднички, имаме заедничка историја. Тоа што го бара Бугарија е да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија, изјави министерската за надворешни работи на Бугарија.

728

Гоце Делчев би требало да нѐ обединува, а не да нѐ разделува, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во интервју за БТВ и истакнуава дека не гледа зошто толку двете држави се караат за Гоце Делчев.

На прашањето чиј е Делчев – на Бугарија или на Македонија, министерката рече дека Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија .

– Гоце Делчев е заеднички, имаме заедничка историја. Тоа што го бара Бугарија е да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е Бугарин, истакнат револуционер, еден од најважните фигури и за нив, кој се борел за автономијата на Македонија – изјави таа.

Захариева истакна дека двете земји имаат заедничка историја, потенцирајќи дека така вели и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави.

За односите со премиерот Зоран Заев вели дека се добри, но дека претстои уште од патот кон заедничката доберба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...