Кејт Брнс: Заедно ќе ги изодиме патеките кон подобра иднина

Од Старата чаршија до кањонот Матка, Шарената џамија во Тетово, ОхридскотоЕезеро и повеќе…. Возбудени сме да искусиме се што има да понуди вашата земја. Очекуваме заедно да ги изодиме овие патеки, порачува новата американска амбасадорка во заедничката видео порака со нејзиниот сопруг.

244

Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Брнс во видео обраќање пред преземањето на должноста порачува дека е почестена што ќе ги претставува САД и оти ќе работи на зацврстување на врските меѓу двете земји и интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

– Веќе 25 години работам како американски дипломат на промоција на безбедноста, напредокот, почитта на човековите права и различности, владеењето на правото и отворените пазари. Возбудена сум да ја продолжам оваа работа во Северна Македонија. САД се горди на силното пријателство со луѓето од Северна Македонија. Ја цениме храброста и професионализмот на вашите војници и очекуваме да ве поздравиме како 30 членка на НАТО. Почестена сум што ја имам  можноста да ја зацврстам врската  помеѓу нашите две земји. Северна Македонија сега е на својот одбран пат кон НАТО и ЕУ. Тимот во Амбасадата на САД во Скопје и  јас ќе работиме за да и помогнеме на Северна Македонија на овој пат и да создаваме нови можности за напредок преку нашата соработка и програми за размена, мировниот корпус и мисијата на УСАИД. Сакаме да продолжиме со придонес кон вашата позитивна иднина -наведува Брнс.

Во заедничката видео порака со нејзиниот сопруг Скот Гејџ, истакнуваат и дека со нетрпение чекаат да ги посетат познатите локалитети во земјава, да научат за богатата и разнолична културна историја…

– Од Старата чаршија до кањонот Матка, Шарената џамија во Тетово, ОхридскотоЕезеро и повеќе…. Возбудени сме да искусиме се што има да понуди вашата земја. Очекуваме заедно да ги изодиме овие патеки – порачува новата американска амбасадорка.

Кејт Мери Бирнс по потврдувањето на нејзината номинација, минатиот месец положи свечена заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија.

Брнс доаѓа од Атина каде што ја вршеше функцијата заменик амбасадор на САД во Грција.

Претходно таа била заменик-шеф на мисија и заменик-постојан претставник на Мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

За време на нејзината кариера, била советник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Мадрид, била виш цивилен претставник на Одделот за државни функции во оперативната група Бастон/Бронко во Авганистан.

Работела како советник за јавни работи во Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија, од 2007-2010 година. Таа исто така ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција.

Брнс доаѓа на местото на Џес Бејли, кој од функцијата замина во март годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...